Српски граничари „туркаат“ мигранти во БиХ – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 1:25 PM

Српски граничари „туркаат“ мигранти во БиХ

Додека цела држава е со вперени очи во Краина и проблемот со мигрантите во тој дел на Босна и Херцеговина, проблемите главно се занемаруваат на источната граница со Србија, од каде што влегуваат најголем број странци, пишува сараевски „Дневни аваз“, чија екипа поминала цел ден со Граничната полиција на БиХ во Зворник.

– Со натчовечки напори, лани успеавме на мигрантите да им го отежнеме нелегалното влегување во БиХ и повеќето да ги спречиме во таа намера. Зиме притисокот на границата е намален, па, така, во јануари имавме 120 одвраќања од преминување на границата, а веќе во февруари, кога имаше помалку снег и малку потопло време, имавме 220 такви интервенции – вели Мирел Имамовиќ, раководител на единицата на Граничната полиција во Зворник.

Никој, меѓутоа, не сака јавно да каже за лицемерието на Граничната полиција на Србија. Додека со босанските граничари формираат заедники патроли, во исто време ја вртат главата од мигрантите според принципот „само нека не се во нашиот двор“, пишува „Дневни аваз“.