Поради отсуство на Јанакиески одложено рочиштето за „Титаник“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/19 10:56 AM

Поради отсуство на Јанакиески одложено рочиштето за „Титаник“

Судењето за предметот „Титаник“ продолжува на 8 март, откако денешното рочиште беше одложено поради неприсуството на екс министерот, Миле Јанакиески кој е обвинет во овој случај. Тој не можел да дојде бидејќи бил на рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар” каде исто така е обвинет.

Во „Титаник”, покрај Јанакиески, обвинети се и поранешен премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и на кого му се суди во отсуство, како и Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.