Падна плафон на тоалет во студентскиoт дом Стив Наумов, студентите исплашени и револтирани (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 8:47 PM

Падна плафон на тоалет во студентскиoт дом Стив Наумов, студентите исплашени и револтирани (видео)

Паднатата конструкција уништила и дел од инвентарот во тоалетот, но и личните работи на студентите. Засега нема информации за повредени лица, но доколку некој ја користел просторијата, случајот можел да заврши трагично.

Студентите се револтирани поради овој случај и велат “Ова не е во ред”. Според нив, лошите услови во студентскиот дом стануваат неподносливи и ги повикаа надлежните од ресорното министерство да реагираа на време, пред ова да се повтори и случајот да заврши трагично.

Извор: Facebook, Скопје1