Јунајтед во договор со навивачите воведува важна промена на трибините на „Олд Трафорд“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 4:45 PM

Јунајтед во договор со навивачите воведува важна промена на трибините на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед одлучи следната сезона да направи една голема промена што се однесува на трибините на „Олд Трафорд“.

Овој стадион со години беше познат по тоа што на него имаше далеку најдобра атмосфера. Меѓутоа, навивачите на Јунајтед малку се „успаа“ и паднаа дури на четвртото место кога станува збор за атмосферата на трибините.

Во изминатата сезона првото место убедливо го држат навивачите на Ливерпул кои на „Енфилд“ ја прават најдобрата атмосфера, а Манчестер Јунајтед сега е дури на четвртото место.

Пред нив се уште Кристал Палас и Њукасл што го запали алармот меѓу навивачите на Јунајтед. Тие во договор со клубот одлучија да воведат една голема промена за следната сезона.

Имено, еден дел од трибините ќе биде посебно за оние најгласните навивачи кои ќе бидат задолжени за песна и навивање во текот на целиот натпревар. Оваа трибина сега ќе биде позната како „Сектор за атмосфера“, со капацитет од околу 1.200 места.

Плановите за такво нешто се подготвуваат со месеци, но би требало да се имплементираат дури од следната сезона. Желбата е „Олд Трафорд“ повторно да биде стадионот со најдобра атмосфера во Англија.