Струмичката родилка била донесена со тврдење дека крварела при однос со дечкото – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 3:12 PM

Струмичката родилка била донесена со тврдење дека крварела при однос со дечкото

Обвинителството истражува како се случила смртта кај новороденчето во струмичко Баница откако неговата мајка во неделата била примена во болница со обилно крварење. Бебето било пронајдено во септичка јама, а родителите во струмичката болница  тврделе дека не станува збор за породување. 19- годишната девојка во неделата била примена на болница, но и таа и нејзините тврделе дека немало породување, по што дежурниот лекар случајот го пријавил во полиција.

-При прегледот на домот на повеќе места биле пронајдени докази, кои укажуваат дека имало породување.  Направен е увид од полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато  тело на новороденче,  информираа од полицијата.

Дежурниот лекар Митко Киров, тврди дека девојката дома било нестручно породена и обилно крварела во неделата пред полноќ, откако била носена и во Итната помош.

-Тие прво биле во дежурната амбуланта во обилно крварење. Изговорот бил дека имале однос со дечкото и затоа крвари. Меѓутоа, при прегледот утврдив дека се работи за породување. Имаше доста обилно крварење, пацинетката беше скоро искраварена и шокирана, затоа што имаше остатоци од постелката. Под итно се направи ревизија тука на одделението, крварењето се смири. Најверојатно имала помош за време на раѓањето, нестручно е водено, со повеќе расцепи, рече доктор Киров, според кого,  сега здраствената  состојба на девојката од баница се стабилизира . По наредба на Јавен обвинител мртвото тело на бебето е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката,и нејзините најблиски но и партнерот.. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ке се знае против кого ќе биде понесен обвинителен акт.