Опсадна состојба во Тирана, албанскиот парламент во обрач – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 1:04 PM

Опсадна состојба во Тирана, албанскиот парламент во обрач

Демонстрантите ја опколија зградата на парламентот и бараат оставка на Владата и предверемени избори. Зградата, во која се одржува парламентарна седница, ја обезбедуваат стотици полицајци, а повеќе илјади демонстранти ја обвиниваат владата за корупција и за врски со криминалот.

Албанските медиуми уште утринава јавија дека Тирана е под полициска опсада, со оглед на тоа дека паралелно со заседанието на парламентот беше закажан и опозицискиот протест. Поради тоа, пратениците од мнозинството, за да избегнат блиска средба со демонстрантите, во зградата влегле еден час пред парламентарната седница.

На граѓаните во тој дел на градот не им е дозволено слободно шетање, а ако некој сака да помине низ „забранетата зона“, мора на полицијата да и’ се легитимира со лична карта.