Под Велебит, во Лика, Хрватска, никнува единствена луксузна туристичка населба, инвестиција вредна повеќе од 15 милиони евра. Тоа е прв рурален проект на некогашниот автомобилски ас Горан Штрок, а сега претприемач што има луксузни хотели во Дубровник, Риека и во Загреб.
Личани се задоволни. Велат дека оваа голема инвестиција можеби ќе го намали иселувањето и ќе ги задржи луѓето во Лика, пишуваат хрватски медиуми.
Луксузната туристичка населба што ќе се вика „Теслино гнездо“ треба да биде завршена до крајот на годинава. Се протега на 13,5 хектари, ќе има 72 вили од дрво, куќички на дрвја, сите возила во комплексот ќе биле електрични, а дневен наем на вила или куќичка на дрво ќе чини од 400 до 3.000 евра.


