По враќањето во Венецуела, Гваидо го повикува народот на улица – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 10:26 AM

По враќањето во Венецуела, Гваидо го повикува народот на улица

Хуан Гваидо, самопрогласениот лидер и претседател на Национаниот парламент на Венецуела, го повика наодот да излезе на улици и најави нови антивладини протести за в сабота.

Гваидо и’ се обрати на насобраната маса на плоштад во Каракас, откако вчера, по кратко отсуство, се врати во татковината. Иако му се закануваше апсење, се врати со помош на странски дипломати, пренесуваат новински агенции.

– Нема да чекаме ни минута. Оваа борба нема да биде залудна. Мислете на вашата иднина, сонувајте соништа за подобра земја – рекол Гваидо, уверен дека во следниот период санкциите против владата на Николас Мадуро ќе бидат уште поостри.