Смути со кафе за утринска енергија – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 8:58 AM

Смути со кафе за утринска енергија

Ако сте од оние кои не можат да си го замислат утрото без кафе, имаме интересен предлог за здрав енергетски напиток.

Еве ги потребните состојки за една чаша:

  • ½ банана
  • 1 лажичка нес кафе
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка чиа семе
  • 200 ml бадемово млекоили вода
  • малку цимет (по желба).

Сите состојки ставете ги во блендер и убаво соединете ги.

Ова хранливо енергетско смути е одлична алтернатива на јакото црно кафе кое го пиете секое утро. Бидејќи содржи кофеин ќе ви помогне полесно да се разбудите, но поради другите состојки дополнително ќе ве наполни со витамини и минерали потребни во текот на целиот ден. Исто така консумирајќи го ова смути како замена за кафе ќе го намалите иритирачкиот ефект што го има кафето врз слузницата на желудникот.

Уживајте во утрото!!!

Започнување на денот со ова кофеинско смути ќе ви помогне полесно да си ги отворите очите и да го “зграпчите” денот во целост.