Велика Британија и ЕУ ги продолжуваат преговорите за Брегзит – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/19 8:52 AM

Велика Британија и ЕУ ги продолжуваат преговорите за Брегзит

Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија денеска ги продолжуваат преговорите за Брегзит, на помалку од еден месец пред предвидениот рок за излегување на таа земја од Унијата. За денеска е предвидена средба на главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние со британскиот министер за Брегзит, Стивен Баркли и државниот обвинител, Џефри Кокс.

Средбата во Брисел ќе биде организирана откако во саботата Барние изјави дека ЕУ е подготвена да и’ даде дополнителни гаранции на Велика Британија за да помогне за одобрување на договорот за Брегзит во Парламентот во Лондон.

Во меѓувреме, британските опозициски политичари ја обвинија премиерката Тереза Меј дека се обидува да ги подмити за да гласаат за договорот за Брегзит. Британската Влада најави пакет од 1,6 милијарди фунти за финансирање на обновата на „пропаднатите“ подрачја на земјата во текот на следните неколку години.