Викендов во босанскиот град Зворник бил уапсен пешак кој имал 4,46 промили алкохол во крвта,објави mondo.ba
Локалната полиција соопшти дека 69-годишниот маж е задржан во станица сѐ до негово отрезнување.
Инаку, ниво повисоко од 4,00 промили алкохол во крвта може да доведе до алкохолна кома.
– Се препорачува и пешаците да не се движат по коловоз под дејство на алкохол, поради општата безбедност во сообраќајот, се наведува во полицискиот извештај.