По неколкуте поголеми пожари изминатата недела, вчера пожарникарите гаснеа пожари во Прилеп и кај Мралинов. МВР соопшти дека вчера во 11,35 часот била добиена пријава за настанат пожар во атарот на с.Царевиќ-Прилеп, на место викано Царев даб, а била зафатена шума. Пожарот бил локализиран од екипи на ТППЕ-Прилеп во 17,30 часот.
На 02.03.2019 околу 17 часот пријавено е дека на автопатот Велес-Скопје, после с. Мралино гори поголема површина со трева. Од страна на екипи на БППЗ во 20 часот пожарот е целосно изгаснат.