Данило Брестовац е нов селектор на Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/19 1:25 PM

Данило Брестовац е нов селектор на Македонија

РФМ на прес конференција денеска го промовираше новиот селектор, како што и беше најавено, тоа е актуелниот тренер на Металург, Данило Брестовац.
 
Нов селектор на Македонија е Данило Брестовац. Со него се договоривме на првичен ангажман до 30. јуни 2022 година.Тој ќе биде селектор на А-репрезентацијата и ќе ги координира останатите селекции. Моја визија и идеја беше да имаме професионален селектор, но тоа ќе почне по 31 мај, затоа што не сакаме да ги уриваме клупските односи на Данило. Значи до крајот на сезоната ќе го води Металург, а од 1 јуни ќе работи како професионалец само во РФМ. Данило ќе ја води и репрезентацијата до 19 години во август, на СП во Македонија, досега беше со тие момци, затоа сметаме дека треба да биде и на овој настан. Во мај ќе ги прогласиме тренерите кои ќе ги водат соодветните генерациски репрезентации, а ќе бидат координирани од Данило. Како прв човек на РФМ можам да ветам дека Брестовац ќе јаима максималната поддршка од нас“, вели претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Данило Брестовац смета дека за него е вистинско време да биде селектор на Македонија.
Прифатив, затоа што мислам дека сум способен да одговорам на оваа функција. Сето она што е позади мене ми дава за право да дојдам до остварување на овој мој професионален сон, да бидам на чело на македонската репрезентација.  Мислам дека имаме еден добар период за да создадеме репрезентација на која ќе се гордееме и да успееме дури да ги престигнеме досегашните резултати на репрезентацијата. Ве молам за малку време, за да го формирам мојот стручен штаб. Веќе од утре ќе почнам да разговарам со потенцијалните соработници“, изјави Данило Брестовац.