Трамп го гушна знамето – публиката во овации, твитерџиите збеснаа – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/19 12:32 PM

Трамп го гушна знамето – публиката во овации, твитерџиите збеснаа

„Може ли знамето да тужи за малтретирање?“, е само една од рекациите на Твитер, откако американскиот претседател Доналд Трамп, на излегување на сцената на годишната средба на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC), го прегрна знамето, го нишаше и покажување патриотска љубов.„Бог да ги благослови САД“, рече Трамп и го дочекаа овации во публиката. “Тоа беше голема прегратка за американскиот народ. Бог го благослови претседателот Трамп “, нашиша еден Твитер корисник.
Сепак, многу корисници на социјални медиуми го исмеаја овој потег.
“Тој се смета дека е Путин или Ким”, напиша еден корисник, а друг праша: „Може ли знамето да тужи за малтретирање?“