Падна работник кој градел хотел во Лагадин – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/19 11:58 AM

Падна работник кој градел хотел во Лагадин

Јавен обвинител го истражува падот на градежен работник, кој вчера околу 16.50 часот со повреди бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“. Од болницата во охридската полиција било пријавено дека кај нив бил донесен П. М. (56) од Охрид, кој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел  во населбата Лагадин-Охрид. Поради сериозноста на повредите, П.М  бил пренесен во Клинички центар -Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а известен е и јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Ова е втор случај оваа недела на пад на градежен работник. Првиот заврши фатално откако работник падна од скеле на Градскиот стадион во Битола.