Грешки на сопствениците, кои предизвикуваат депресија кај кучињата – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/19 3:10 PM

Грешки на сопствениците, кои предизвикуваат депресија кај кучињата

Милениците со текот на времето стануват како членови на фамилијата, но доколку ви се чини дека вашиот пес во последно време повеќе спие, помалку јаде и губи потреба за интеракција, размислете дали ненамерно сте направиле некоја промена или грешка, која би можела да влијае на неговото расположение.

Во продолжение, прочитајте кои се грешките на сопствениците, поради кои миленикот би можел да биде депресивен.

Не му обезбедувате доволно физичка активност

Една од главните причини за депресија кај кучињата е недостигот од квалитетни вежби. Се препорачува песот дневно да има едночасовни квалитетни физички активности и тоа што повеќе на свеж воздух и на отворено. Освен што го подобрува нивното расположение, физичката активност одлично влијае на сите аспекти на здравјето на вашиот миленик. Поминувајте повеќе време со вашиот миленик во трчање, или пак приуштете му пливање во текот на летниот период.

Песот нема доволно интеракција со луѓето и животните

Ако вашиот пес добро се согласува со останатите, водете го парк колку што можете почесто. Запознајте го со миленичињата на другите луѓе и не скратувајте му го задоволството од попладневните прошетки.

Критика и агресија

Никој не сака некој да вика на него, па дури ни животните, кои имаат исклучително сетило за слух. Некои сопственици се’ уште веруваат дека со своите кучиња треба да се борат за позицијата доминантен член на фамилијата, применувајќи насилство, агресија и други методи на заплашување. Кога го почитувате вашиот миленик и вие ќе добиете почит. Користете позитивни методи на воспитување без техники кои подразбираат техники како страв и казнувања.

Миленикот предолго останува сам

Сопствениците често имаат низа обврски, а работниот ден знае да биде многу долг. Ако вашиот миленик останува предолго дома, тој може да биде анксиозен, односно кај него да се создаде депресија.