Претседателот Радев да им се извини на Бугарите што зборувал на англиски јазик – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/19 2:16 PM

Претседателот Радев да им се извини на Бугарите што зборувал на англиски јазик

На средбата со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Софија, бугарскиот претседател Румен Радев  се обратил на англиски јазик. Ова ги вознемири патриотите од НФСБ, кои побараа Радев да се извини на бугарскиот народ за „подбивањето на светиот бугарски јазик и за понижи национално достоинство на секој Бугарин“.

Особено што ова се случи на ден пред националниот празник на Бугарија – 3 Март.

Патриотите исто така, бараат Обвинителството да донесе одлука за случајот.

“Изразуваме незадоволство од тоа што  Претседателот на Република Бугарија Румен Радев грубо го крши членот 3 од Уставот, кој гласи:”Официјалниот јазик во Републиката е бугарскиот “, се вели во реакцијата на партијата.