Трибина за современиот систем на цивилна заштита – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/19 9:38 AM

Трибина за современиот систем на цивилна заштита

„Современ систем на цивилната заштита” е насловот на научно-стручната трибина која ќе се одржи денеска по повод 1 Март – Меѓународниот ден на цивилната заштита.

На трибината обраќање ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, деканот на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево, Неџад Корајлиќ, и деканот на Факултетот за безбедност во Скопје, Никола Дујовски.

На трибината е предвидено да се одржат три панел-дискусиии – Цивилната заштита и образованието (регионални и современи искуства во инкорпорирање на цивилната заштита во образовниот систем), Намалување на ризиците од катастрофи и отпорност на заедниците кон катастрофи и Заштита на критична инфраструктура.