(ВИДЕО)Црногорски пратеник го нарече Талат Џафери „терорист“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 7:01 PM

(ВИДЕО)Црногорски пратеник го нарече Талат Џафери „терорист“

Членови на црногорската партија Демократски фронт во Собранието на Црна Гора, каде денеска се  разгледуваше предлог-законот за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Македонија го нарекоа македонскиот спикер Талат Џафери „терорист“, обвинувајќи го дека пукал во македонските полицајци.

При тоа дојде до инцидент и конфликт меѓу пратеникот на Демократски форнт, Милан Кнежевиќ и Миодраг Вуковиќ од ДПС, пренесе Вијести.

Кнежевиќ почна да дофрла за време на излагањето на Вуковиќ, кога пратеникот од ДПС зборуваше дека „е факт дека денес од шесте поранешни југословенски републики четири се во НАТО, и тоа го поставува прашањето пред оние две што се одлучиле поинаку, без разлика дали нивниот избор е правилен“.

„Ние сме убедени дека вистинскиот избор е сите да бидеме во НАТО“, рече Вуковиќ.

Кнежевиќ го прекинуваше Вуковиќ додека овој зборуваше.

Претходно лидерот на Нова српска демократија Андрија Мандиќ рече дека ДФ нема да го поддржи протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Тој им приговараше на пратениците од ДПС, кои свечено го дочекаа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

„Тој е најпознат по носењето автомат и пукањето во македонски полицајци. Срам да Ви е“, порача Мандиќ.

И пратениците од ДФ Јован Вучуровиќ и Милун Зоговиќ му рекоа на Џафери дека бил член на терористичка организација.