И Хрватска го ратификуваше протокот за членство на земјава во НАТО – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 2:30 PM

И Хрватска го ратификуваше протокот за членство на земјава во НАТО

Фото: Patrik Macek/PIXSELL

Хрватскиот Сабор денеска со 116 гласови „за” и два „против” го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Гласањето го следеше и делегација од Сверна Македонија. Претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ им честиташе за потврдувањето на Протоколот за влез во НАТО, најавувајќи дека Хрватска ќе продолжи да и дава поддршка на Северна Македонија и на патот кон членството во Европската Унија.

„И’ честитам на Република Северна Македонија за членството во НАТО и можам да ви кажам во име на застапниците кои ја поддржаа денешната одлука дека Република Хрватска ќе ви даде поддршка на патот кон ЕУ“, порача Јандроковиќ.

Хравтаска е петта члекна на НАТО што го ратификува Протоколот за членство во НАТО. Прва тоа го стори Грција, а по неа Словенија, Албанија и Бугарија. Протоколот за членство на Сецрена Макеоднија денеска треба да биде одобрен и во Парламентот на Црна Гора.