Ново рочиште за случајот „Монструм“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/19 9:06 AM

Ново рочиште за случајот „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. На минатото рочиште беа презентирани докази обезбедени со посебни истражни мерки, но јавноста беше искучена.

Случајот „Монструм“ во февруари минатата година почна од почеток, откако случајот го презеде СЈО.

За петкратното убиств, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.