Престрелка од два автомобили во движење кај трговскиот центар „Лептокарија“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 8:16 PM

Престрелка од два автомобили во движење кај трговскиот центар „Лептокарија“

Денеска во попладневните часови се слушнале пукотници кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската населба Карпош 3.

Од МВР информираат дека „е пријавено околу 18.35 минути на булевар Партизански одреди дека е пукано од едно возило кон друго. Досега не се пријавени повредени и нема траги од крв“.

Според првичните информации се работи за престрелка од два автомобили во движење. Нема повредени во овој инцидент. Полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот.

Сообраќајот во овој дел на градот се одвива отежнато.