Совети како може да си ја олесните работата пред компјутер – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 7:02 PM

Совети како може да си ја олесните работата пред компјутер

Секојдневно се зголемува бројот на часови кои ги поминуваме пред компјутер. Сепак постојат неколку трикови кои можат да ја олеснат вашата работа со компјутерот.

* Кога го уклучувате компјутерот светлината на екранот треба да биде помала од светлината во просторијата во која се наоѓате.

** Доколку е возможно мониторот треба да го наместите странично од прозорците.

*** Ви препорачуваме вежби за одмарање на очите со што на секои 30 минути би требало да го тргнете вашиот поглед од мониторот, и да го насочите вашиот поглед кон некој објект што се наоѓа подалеку.

**** Правете пауза од 10 минути на секој 1 час за да го спречите оштетувањето на очите.

***** Оние од вас кои поминуваат повеќе од неколку часа дневно пред компјутер би требало да се консултираат со очен лекар и да го проверат својот вид.