Во Штип има 680 стечајци со месечен надомест – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 4:45 PM

Во Штип има 680 стечајци со месечен надомест

Заврши рокот за поднесување барања за добивање месечен паричен надомест за стечајните работници. Во Центарот за вработување за добивање месечен надомест се имаат пријавено 680 лица.

– Со оглед на тоа дека рокот за поднесување барања за материјално обезбедување истече заклучно со денешниот ден, 28 февруари 2019 година, можам да кажам дека од досега поднесените и разгледани  барања за материјално обезбедување, над 680 лица го остварија правото за материјално обезбедување, рече Катица Арсовска, раководител на Центарот за вработување – Штип.

Претседателот на Здружението на стечајни работници „Унит“ во Штип Ќемалдин Арсланов вели дека  со оваа бројка се исцрпуваат лицата кои претендираат на месечен паричен надомест.

– Ова е убава вест за нашата заложба, нашите членови по повеќегодишна битка со државата да се избори за правото на стечаен надомест, како еден вид компензација, а во истовреме и вреднување на нивниот остварен труд во фирмите каде не по нивна  вина е ставен клуч на врата, вели Арсланов.