Непотизмот при вработувањата се предмет на разгледување на редовната седница на Државната комисија за спречување на корупција, која претпладнето започна со работа. На почетокот, претседателката на Антикорупцијска Билјана Ивановска најави дел од над 40 предмети што денеска ќе се разгледуваат.
-Слободанка Гиевска, која е ќерка на Елена Гошева, која била претседател на Уставниот суд од 2013 до 2016 година, вработена во Телеком;
-Драгица Лепавцова, сестра на Андреј Лепавцов, поранешен амбасадор, вработена во АЕК;
-Сања Димитровска, била вработена како државен секретар во МВР и сега вработена во АЕК;
-Мики Цветковски, син на Орце Цветковски, поранешен градоначалник на Лозово, вработен во ЈП „Лисиче“. Велес;
-Стојан Пешевски, внук на Орце Цветковски, поранешен градоначалник на Лозово, вработен како информатичар во Општина Лозово;
-Убавка Дончевска, внука на Орце Цветковски поранешен градоначалник на Лозово, вработена како советник во ЛЕР во Општина Лозово;
-Веле Николов, братучед на Орце Цветковски, поранешен градоначалник на Лозово, вработен како комунален редар во Општина Лозово;
-Александра Милошоска, снаа на Антонијо Милошоски, пратеник, вработена во УЈП;
-Владо Коруновски, вујко на Антонијо Милошоски, пратеник, вработен како раководител воАгенција за катастер;
-Станко Коруновски, братучед на Антонијо Милошоски, пратеник, вработен во Централниот регистер на Македонија;
-Јелица Милошоска, братучедка на Антонијо Милошоски, пратеник, вработена во ЈП „Водовод и канализација“, Скопје;
-Дамјан Самарџиски, син на Влатко Самарџиски, член на Судски совет, врабортен во Основниот суд Скопје 1.
По пријава од граѓани се разгледува и едно вработување на скопските Клиники, потоа пријава за актуелен министер, кој вработил роднини во училишта, а против рекоторот Азиз Положани ќе биде покрената постпака бидејќи не поднел пријава за имот во Комисијата.
На дневен ред се повеќе точки меѓу кои и предлог-деловник за работата на ДКСК, отворање на постапка по службена должност за можен судир на интереси и постапување на ДКСК по конкретни предмети.


