Џанго сведок во „Тортура“: Љубе ми се жалеше дека го легнале на земја и го врзале со лисици – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 11:30 AM

Џанго сведок во „Тортура“: Љубе ми се жалеше дека го легнале на земја и го врзале со лисици

Адвокатот Љубомир Михајловски Џанго сведочеше на рочиштето за случајот „Тортура“, односно за бруталното апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Тој, како што се потсети, на 6 јуни 2011 година, околу 16 часот добил повик од Љубе Бошкоски кој му кажал дека е уапсен и однесен во полициска станица Гази Баба.

Адвокатот заминал во полициска станица, и таму се сретнал со Бошкоски.

-Љубе почна да вика дека го наместиле, дека не земал пари. Беше многу револтиран, бидејќи претходно беше министер, па ми рече: „Јас брат цело време се борам за Македонија, а види што ми направија“, се потсети адвокатот.

Тој рече дека Бошкоски му се жалел за начинот на кој го апселе, односно се жалел што го легнале на земја, го врзале со лисици, а немало причина бидејќи рече дека не давал отпор.

-На него немаше видливи повреди, немаше крв. Но ми се жалеше на начинот на лишување на слобода, рече сведокот.

 

Извор: Фокус