Шпаркасе ја купува Охридска банка Сосиете женерал груп – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 9:48 AM

Шпаркасе ја купува Охридска банка Сосиете женерал груп

Договорот ќе биде објавен попладне на прес конференција на која раководство на банката од австриски Грац ќе соопшти кои се плановите по превземањето и со каква стартегија ќе настапуваат на пазарот.

Шпракасе веќе оперира во Македонија, откако во 2008 година ја купи Инвест банка. Одлуката за продажба на Охридска банка пак следуваше по објавата на Сосиете Женерал во текот на минатата пролет дека ќе се повлече од регионот на Источна Европа или од нестратегиските пазари каде банката не е во топ три банки според пазарниот удел, што значеше дека ќе се продава и банката во Македонија. Инаку познатиот банкарски играч француски Сосиете женерал ја купи Охридска банка во 2007 година.

 

Извор:Фактор