Осумте земји што го поседуваат најсмртоносното оружје во светот – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 9:42 AM

Осумте земји што го поседуваат најсмртоносното оружје во светот

Судирот помеѓу Индија и Пакистан, земји што поседуваат нуклеарно оружје, поттикна многу медиуми и аналитичари да се зафатат со анализи кои земји го поседуваат најсмртоносното оружје во светот, иако тоа, главно, од поодамна е познато.

Во моментот во светот, такво оружје имаат осум земји, а за уште една не е потврдено, објавува „Дневник.хр“.

На врвот се Русија и САД за кои се проценува дека имаат по повеќе од 6.000 нуклеарни боеви глави. Помеѓу 200 и 300 имаат другите членки на Советот за безбедност на ОН – Франција, Кина и Велика Британија.

Зад нив се Индија и Пакистан, за кои се проценува дека имаат помеѓу 130 и 150 нуклеарни боеви глави, а Северна Кореја има помеѓу десет и 20. Се претпоставува, иако тоа никогаш официјално не е потврдено, оти со нуклеарно оружје располага и Израел.