Симпозиум за патронажната дејност и формирање Друштво на патронажни сестри – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/19 8:34 AM

Симпозиум за патронажната дејност и формирање Друштво на патронажни сестри

Симпозиум за патронажната дејност во нашата држава и формирање на првото Друштво на патронажни сестри денеска ќе се одржи во Прилеп. Симпозиумот го организира Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) „За нас”.

Според програмата, ќе се дебатира за патронажната дејност и за нејзиното унапредување, за профилот на современата патронажна сестра, за грижата на доенчето и за мајката од првиот ден по раѓањето.

Предвидени се предавања од патронажната сестра Мирјана Трајановска од Здравствен дом – Скопје, Станка Арсовска од Здравствен дом – Неготино, како и на Даниела Гиевска од фармацевтската компанија „ЗЕГИН”, која е поддржувач на симпозиумот.