По 500 евра за семејствата на починатите од буџетот на Општината Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/19 6:04 PM

По 500 евра за семејствата на починатите од буџетот на Општината Гостивар

Советот на Општина Гостивар помина во знак на хуманост и солидарност. Едногласно беше донесена одлука да се доделат средства за загинатите и повредените од сообраќајката кај  Ласкарци.

Семејствата на настраданите ќе добијат по 30.000 денари, додека повредените патници по 15.000. Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Гостивар.  

-Несреќата донесе голема тага за Гостивар и сите сочувствуваме со најблиските на загинатите. Оваа одлука за доделување на парични средства е начин барем малку финансиските да им помогнеме”, рече претседателот на Советот, Насир Муслиу.

На седницата беше донесена одлука за отворање на посебна сметка за прибирање на донации за помош на семејствата

Се изгласа и одлука за издвојување на 300 илјади денари за инвестиција во селото Ласкарци, кои помогнаа да се спасат голем број патници, кои беа во автобусот кој сообраќаше на релација Скопје – Тетово , а во која загинаа 15 патници сите од Гостивар и гостиварско.    

Се усвои одлука за доделување на финансиски средства и за Кошаркарскиот клуб Гостивар во висина од 1,5 милиони денари.