Велешанец палејќи исушена трева во нивата изгорел до смрт – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/19 5:14 PM

Велешанец палејќи исушена трева во нивата изгорел до смрт

Во нива во велешкото село Мартолци, во попладневните часови на 26 февруари починат и со изгореници на телото бил пронајден 80-годишен жител од селото.

Како што информираат од МВР, тој ден околу 13 часот, 80-годишникот запалил исушена трева, но огнот го зафатил и него.

Смрт констатирал лекар од Медицинскиот центар Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.