СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/19 4:38 PM

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот

На денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, социјалдемократите реагира со писмено соопштение во кое порачуваат дека е време да почнат повлекувањата на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, во партиското соопштение нема конкретни одговори на прашањата што до владеачката партија ги адресираше опозицијата.

СДСМ смета дека се додека опозициската партија не ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и додека не почнат повлекувања, истата нема кредибилитет.

Иванов, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ја повикаат ќерката на советникчката на Иванов Анастасија Илиеска, да се повлече од работното место во Агенцијата за разузнавање, под дриректна надлежност на Иванов. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, Милошовски и Стевананџија наместо да молчат и да се кријат во скапоцениот замок, да излезат пред граѓаните и да ги повикаат своите роднини и роднините на функционерите од оваа партија да се повлечат од работните места, платени со пари на граѓаните. Мицкоски да го повика својот братучед вработен во ЕЛЕМ турс да се повлече. Милошоски нека ја повика својата снаа вработена во УЈП, вујкото вработен во Катастар, братучедот вработен во Централен регистар, и зетот вработен во МЕПСО, да се повлечат – се додава во партиско соопштение.

Социјалдемократите обвинуваат дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ било криминално и дека симбол за истото се непотизмот, партизацијата и злоупотребата на институциие.