Легендата на Реал изненади со изборот: Меѓу Меси и Роналдо го избирам Меси! – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/19 4:05 PM

Легендата на Реал изненади со изборот: Меѓу Меси и Роналдо го избирам Меси!

Голем број играчи и тренери го имаат дадено своето мислење околу тоа дали е подобар Меси или Роналдо.

Поранешниот селектор на Шпанија и тренер на Реал Мадрид ВИсенте Дел Боске даде свое мислење за таа дилема и го избра играчот на Барселона за кој смета да поседува неверојатни играчки квалитети.

Пред Лука Модриќ минатата година да ја освои „Златната топка“ Лионел Меси и Кристијано Роналдо изминатите десет години ја освојуваа оваа награда.

Двајцата играчи остварија големи индивидуални и тимски достигнувања, поставуваа рекорди и со своите игри и потези ја воодушевуваа публиката.

Така Меси го воодушеви и Дел Боске кој го избра Аргентинецот откако му беше поставено прашањето за тоа на кого би му дал предност од нив двајца.

„Меси речиси секогаш игра добро, тој е голем играч“, изјави Дел Боске за „Мундо Депортиво“.

„Останувам при Меси, во него гледам поприроден играч кој во своето соседство играл фудбал со пријателите на улица. Од друга страна, Кристијано има извонредна храброст и физички и технички особини како одличен напаѓач, но останувам при Меси“, додаде Дел Боске.