Изведбата на песната ,,Shallow” на Лејди Гага и Бредли Купер која воедно беше саундтрак на филмот „ The star is born“ каде Гага и Бредли се главните улоги, стана хит на доделувањето на Оскарите и за моментот на интимност помеѓу нив двајца се раскажаа најразлични приказни.
Многумина ја пофалија заедничката хемија , а Лејди Гага на Твитер покажа дека и денеска размислува за настапот со актерот. Таа објави фотографија , на која раката на Купер е околу нејзината половина , а рацете им се испреплетени.
Nothing could be more special than sharing this moment at the Oscars with a true friend and artistic genius. pic.twitter.com/Khy9ooCJDZ
— Lady Gaga (@ladygaga) February 26, 2019
,,Ништо не може да биде поспецијално од споделување на овој момент на Оскарите со вистински пријател и уметнички гениј” , напиша актерката и пејачка , која за улогата на филмот ,,Ѕвездата е родена” , беше номинирана како најдобра актерка , а доби Оскар за најдобра оригинална песна.
Според американските таблоиди , кои два дена го опишуваат овој момент на заедничката изведба на наградената песна, Лејди Гага и Бредли Купер биле само неколку милиметри далеку од вистински бакнеж на сцената.
Еве како изгледаше тој магичен момент на сцената во Кодак театарот.


