Спирулината се смета за суперхрана поради својата нутритивна содржина. Со додавање на само една лажичка спирулина во вашиот блендер може да направите чуда во вашата исхрана. Не само што ќе направите вкусно смути, ќе го подобрите и внесот на протеини во вашата исхрана кои ќе допринесат за зголемена енергија и воедно ќе го зајакните својот имунитет.
Смути од Спирулина
– 1 полу смрзната банана
– 1 лажица спирулина
– 1 чаша млеко (оризово, бадемово, кокосово)
– 1 лажица мед
– 1/2 чаша јогурт
– 1 лажица цимет
Начин на подготовка:
Блендирајте ги сите состојки заедно и уживајте во напитокот.
Што е всушност спирулината?
Спирулината е едноклеточна сино-зелена алга која живее во слатководни средини, вклучувајќи бари, езера и реки. Оваа микроскопска форма на живот е исклучително лесно сварлива, што овозможува сите нејзини хранливи состојки лесно да се апсорбираат во нашето тело. Сето ова резултира со едноставно неверојатен износ на концентрирана хранливост во секој нејзин грам.
Спирулината содржи над 65% комплетни протеини (300% повеќе од рибата, месото или живината, и е без холестерол). “Комплетен протеин“ значи дека ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини кои што му се потребни на нашето тело за да напредува. Овие протеини се поконцентрирани и посварливи од било кои протеини од животинско потекло.
Таа е исто така богата со многу хлорофил, железо (околу 58 пати повеќе од спанаќот), калциум, магнезиум, калим, цинк, антиоксиданти, витамин Ц, витамин Д, витамин Е, сите Б витамини(вклучувајќи го и Б12 кој скоро никогаш не се наоѓа во растенија), бета-каротен и есенцијални масни киселини (омега 3, 6 и 9). Содржи и десетина други не-есенцијални аминокиселини, нуклеински киселини и липиди, кои играат важна улога за добрата здравствена состојба.
Сите знаеме дека рибата е добар извор на есенцијалните масни киселини (омега 3, 6 и 9). Она што повеќето од нас не се запрашале е дали самите риби ги содржат или произведуваат овие омега киселини – одговорот е „не“. Најголеми дел од омега киселините рибите го добиваат преку конзумирање на алги како што е спирулината. Овие омега киселини имаат голема улога во спречување на срцеви болести, намалување на лошиот холестерол, намалување на сериозноста на остеопороза, депресија, дијабетис и многу други.
Спирулината е една од најдобрите состојки за детоксикација на организмот, вклучувајќи и прочистување од труење со тешки метали, жива, лекови и хемиски загадувачи. Многу честа појава кај луѓето кои што ја конзумираат е наглиот пораст на енергија и виталност. Одлична е за анемија, булимија, проблеми со варењето, подобрување на апсорпцијата на нутриенти во телото, и подобрување на имунитетот преку моќната антивирусна функција.


