Опозицијата останува во Собранието, но дали ќе дојдат од власта? – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 5:41 PM

Опозицијата останува во Собранието, но дали ќе дојдат од власта?

По последното искричење меѓу коалиционерите од владиното мнозинство СДСМ и ДУИ со префрлањето на вината околу имунитетот на Трајко Вељаноски, неизвесно е што понатаму ќе се случува во Собранието. За утре во 11часот е закажана седница со пратенички прашања, за што пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ се подготвува. Од таму соопштуваат дека во кавгата немаат удел, туку дека работи за расчистување имаат коалиционерите од владиното мнозинство. Најавуваат дека ќе дојдат на седницата кога ќе биде закажана нова седница, а тоа е утрешната со пратенички прашања. Неизвесно е кога ќе има нова седница на кој ќе се расправа за пратеничкиот имунитет на Вељаноски. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска цел ден имаше прием за странски гости. Вчерашниот ден заврши со жестока кавга на телевизија меѓу Џафери и пратеникот од СДСМ, Мухмед Зекири. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски побара од Џафери да објасни зошто ја прекинал седницата, со што не се фати рокот за гласање. Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ тврди дека ги искористило сите можности според деловникот за да го одоговлечи гласањето, со што нивниот пратеник доби уште ден – два во исекување на решението за имунитетот.

Генерално, додека владејачкото мнозинство си ја префрлува вината, оценка е дека коалиционерите невешто изгираа, со што ја доведоа колацијата во собраниска криза.