Уапсени новинари кои го интервјуирале Мадуро – не му се допаднале прашањата – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 3:30 PM

Уапсени новинари кои го интервјуирале Мадуро – не му се допаднале прашањата

Група новинари од американско-шпанскиот канал „Јунивижн“ се уапсени во текот на вчерашниот ден додека го интервјуирале венецуелскиот претседател, Николас Мадуро. Тие денеска ќе бидат депортирани во нивните земји – соопшти телевизискиот канал.

Според „Јунивижн“, на Мадуро не му се допаднале прашањата што му ги поставиле новинарите. Поради тоа, го прекинал интервјуто и наредил сите запишани материјали, мобилни телефони и телевизиска опрема да бидат запленети два часа.

Националниот новинарски сојуз на Венецуела соопшти на Твитер дека информацијата за депортирањето на новинарите е потврдена.

– Миграциските власти пристигнаа во хотелот и ги информираа (новинарите) дека денеска ќе бидат транспортирани до аеродромот – се наведува во соопштението.