Русија: САД испраќаат војска и се подготвуваат за инвазија во Венецуела – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 1:32 PM

Русија: САД испраќаат војска и се подготвуваат за инвазија во Венецуела

САД префрлуваат војска во Порторико и во Колмбија и подготвуваат инвазија на Венецуела, рекол секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Петрушев, во интервју за весникот „Аргументи и факти“

„Покажувајќи сарказам и ароганција кон венецуелскиот народ, САД подготвуваат воена инвазија врз независна држава“, вели Петрушев.

Тој истакнува и дека тешката хуманитарна состојба во Венецуела се предизвикани токму од американското ембарго и санкции.