Пентагон: Не’ загрижува вплеткувањето на Русија во Западен Балкан – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/19 12:17 PM

Пентагон: Не’ загрижува вплеткувањето на Русија во Западен Балкан

„Русија настојува да ги спречи земјите како Северна Македонија и Црна Гора да го изберат својот пат со агресивно однесување и застрашување“, вели портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон, за подгоричка „Побједа“.

Пахон додава дека САД гледаат дека Северна Македонија и Црна Гора се земји што се подготвени да ги изберат слободата и успехот за себе и се подготвени да прифатат се’ што Западот може да понуди.

На прашањето што претставува Западен Балкан за Америка и дали смета дека, како најсилна сојузничка во НАТО, САД треба повеќе да бидат упатени во регионот, Пахон истакнува дека американската посветеност на Западен Балкан била одамна непоколеблива.