Американскиот претседате Доналд Трамп повторно ја обвини својата ривалка од претседателските избори во 2016 година, тогашната кандидатка на демократите, Хилари Клинтон, дека била во дослух со руските власти.
– Единствен дослух со Русите имаа Хилари Клинтон и Демократскиот национален комитет – наведе трамп на „Твитер“.
Американските разузнавачки служби ја обвинуваа Русија за наводно мешање во предизборната кампања во 2016 година.