Добил сметка со вредност 0, отишол во пошта уредно да плати – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 2:04 PM

Добил сметка со вредност 0, отишол во пошта уредно да плати

На човек во Хрватска (Сплит) му стигнало предупредување од телеком по пошта да плати износ од 0,00 куни,пренесува aktuelno24.com.mk.

Спорната опомена има дури и рок за плаќање. Таква сметка добил човек кој е воедно и писател и сатиричар, па одлучил да се пошегува со човечка глупост, објави Слободна Далмација.

Човекот го прераскажал и дијалогот кога отишол да го плати спорната сметка:

– Добар ден, би сакал да ја платам сметката. – Повелете, – Еве, – Вие мене ме зае..те

– Не, дали тука пишува дека треба да се плати до тој датум. Ако не ми заверите дека сум постапил по налогот тие може ова да го имаат во евиденција и да се даде на понатамошна обработка, а тогаш би имало големи трошоци.

– Па, се гледа дека е нула, – Не го гледа тоа секој. – А, кој покрај здрави очи не би видел? – Па, тие кои ми ја испратиле уплатницата – Па, тие мора да ви го испратат ова заради евиденција, – Тогаш вие удрете печат дека сум платил, – Шефееее…