Видео од мостот Симон Боливар ја згрози светската јавноста – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/19 1:50 PM

Видео од мостот Симон Боливар ја згрози светската јавноста

Светската јавност ја згрози видео од мостот Симон Боливар на границата помеѓу Венецуела и Колумбија, на која се гледа како оклопно возило ги пробива препреките на граничниот премин, не обрнувајќи внимание на луѓето кои стојат таму. Со возилото управувале тројца Венецуелци кои одлучиле да побегнат во Колумбија.

Инцидентот се случи за време на големите немири на границата, додека венецуелската опозиција, со поддршка на САД, се обидува да достави хуманитарна помош во латиноамериканската држава, што властите во Каракас го опишаа како пи-ар маневар со кој се прикрива криумчарењето на оружје.

Видеото кое го објави агенцијата „АФП“ прикажува оклопни возила кои со голема брзина се движат кон камерите и масата луѓе кои, пак, се обидуваат да побегнат. Предниот дел на возилото потоа удира во метална бариера која е поставена на границата. Во инцидентот повредени се неколку лица, меѓу кои и млада жена, чиешто лице е прекриено со крв.

Меѓу повредените е и новинарката од Чиле, Никол Крам.

Венецуелските власти, тројцата државјани кои се обидеа да побегнат во Колумбија ги нарекоа терористи. Властите соопштија дека тие украле две оклопни возила од Националната гарда за да изведат медиумски маневар, со кој управува опозицијата.

Опозицијата соопшти дека тројцата возачи застанале на страната на венецуелскиот народ.