На имотот на Златко Чанчаревиќ во Осиње, кај Дервента, беа изненадени сите – нивната свиња се опраси со 21 прасе, пишуваат босански медиуми.
– Такво нешто во овој крај не се случило никогаш. Свињата обично може да се опраси најмногу со десетина прасиња. Навистина сме пресреќни – вели Чанчаревиќ за „Дервентски лист“.
Од 21, при породувањето преживеале 19 прасиња, кои семејството ќе ги сочува за проширување на фармата.


