Агим Шаќири од ДУИ завршил во болница затоа не гласал за одземање на имунитетот на Вељаноски – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 11:57 PM

Агим Шаќири од ДУИ завршил во болница затоа не гласал за одземање на имунитетот на Вељаноски

Причината поради која пратеникот од ДУИ Агим Шаќири по паузата во 21 часот не се појави на мандатно-имунитетната комисија е влошување на неговата здравствена состојба по што завршил на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Комисијата овие два дена расправаше за одземање на пратеничкиот имунитет на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски кој е обвинет за организирање на наслниот упад во Собранието на РМ на 27 април 2017 година.

Вечерва Комисијата не изгласа да му биде одземен мандатот на Вељаноски. Резултатот од гласањето беше 4-4. Недостасуваше гласот на пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски по ваквиот резултат од гласањето рече дека останува на претседателот на Собранието Талат Џафери да ја истолкува оваа одлука на Собранието и да одлучи дали утре ќе се одржи пленарната седница.