Таксистот починал додека бил се уште во сообраќај, имал проблеми со срцето – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 9:51 PM

Таксистот починал додека бил се уште во сообраќај, имал проблеми со срцето

58-годишниот М.П. е таксистот кој денеска бил пронајден починат во своето такси возило „Фиат Линеа“. Случајот во полиција во 18.30 часот го пријавил случаен минувач кој го приметил неподвижниот возач на семафорите кај Железничка станица,објави Фокус.

Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ велат дека таксито стоело на семафорите во правец Аеродром кон Центар, на лентата за вртење лево.

„Се работи за починато лице – таксист, М. П. род. 1961, Констатирана смрт без траги на насилство од лекар на ИМП. М.П. претходно имал проблеми со срцето“, додаваат од МВР.