И директорот на Шутка во оставка си ја вработил сопругата во УЈП – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 7:32 PM

И директорот на Шутка во оставка си ја вработил сопругата во УЈП

Сопругата на директорот на затворот во Шутка во оставка Ѓоко Котевски, Катерина Котевска, од минатата недела е вработена во УЈП, објави „Република“ .

Од порталот се обиделе да добијат изјава од Котевски, но тој, како што рекол не дава изјави во неработен ден кога го пишува извештајот за тепачката во затворот.

–  Јавете се во таа институција, има таму директор – изјавил Котевски.

Тој рекол и дека нема непотизам во вработувањето на неговата сопруга оти е во оставка.