Шесткатна зграда во колумбискиот градот Меделин, каде што некогаш живеел починатиот колумбиски наркобос, Пабло Ескобар, е крената во воздух со цел да се намали бројот на локациите кои сведочат за неговиот живот.
Зградата Монако во богат кварт на вториот по големина град во Колумбија беше уништена во петокот со спектакуларна експлозија што создаде огромен црвен облак од прашина.
Во неа се наоѓал стан односно еден од неколкуте домови на Ескобар, кого властите го сметаат за одговорен за околу 6.000 убиства.
Кралот на кокаинот кој годишно заработувал милијарди долари, беше убиен во 1993 година на покривот на една зграда Меделин, познат уште и како градот на вечната пролет, на возраст од 44 години.
Зградата Монако била дел од туристичка рута тематски посветена на животот на Ескобар, кој и натаму важи за еден од најголемите симболи на Меделин.
Сепак, градот се обидува да се ослободи од сеќавањата за познатиот криминалец. Градските власти одамна ја имаа ставено зградата под полициски надзор, така што туристите можеле да ја гледаат само од далеку.
На нејзиното место сега ќе биде изграден парк во спомен на жртвите од шверцoт на дрога, пренесува телевијата РКН.


