Манчевски: Ќе се почитуваат одлуките на Антикорупциска – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 4:07 PM

Манчевски: Ќе се почитуваат одлуките на Антикорупциска

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски изјави дека ќе се почитуваат одлуките на членовите на Државната комисија за спречување на корупција за вработувањата на роднините на функционерите.

Министерот порача дека случаите треба да се гледаат посебно ако се работи за прекршување на норми или правилна, но тука, смета Манчевски, не се работи за прекршувања на закон, туку на етика.

„Ние велиме дека треба некој да се повлече – дали да се повлече човекот кој е вработен или да се повлече функционерот. Не е лесна одлуката, се работи за семејни одлуки. Но, од друга страна не можеме сите да ги ставиме во исти кош, понекогаш се работи за луѓе, кои навистина се дефицитарен кадар“, рече Манчевски и тука ги наброја лекарите специјалисти, електроинжинерите и градежните инжинери.

Манчевски образложи дека случаите се разгледуваат еден по еден, а истото го прави и  Државната комисија за спречување корупција.