Жена почина по удар од автомобил во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 12:14 PM

Жена почина по удар од автомобил во Скопје

Седумдесет и двегодишна жена почина вчера откако во неа удри автомобил во Скопје.

Полицијата соопшти дека во Т.С. удрило непознато патничко возило, управувано од непознат возач.

Несреќата се случила на крстосницата од улиците Нов живот и Клисурска, а жената по ударот била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде што по неколку часа била констатирана смрт.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено во институтот за судска медицина на обдукција.

МВР информира дека презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.