Нов обид за продажба на објектот на некогашната Политичка школа во Кумровец – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 12:05 PM

Нов обид за продажба на објектот на некогашната Политичка школа во Кумровец

Политичката школа во Кумровец, родното место на Јосип Броз Тито“, која во 1980-тите ја посетуваа перспективните партиски кадри сега официјално се води како хотел „Загорје“, а почетната цена на новиот обид за продажба е 11,9 милиони куни.

Објектот е изграден во времето на СФРЈ, во 1981 година, а наскоро, по петти пат ќе оди на продажба, дознава „Јутарњи“ од хрватското Министерство за државен имот. Целиот објект зафаќа површина од 6.000 квадратни метри, со дворна површина поголема од 20.000 квадрати, а за него ќе се распише меѓународен тендер.

Политичката школа имаше и свој базен, велнес-центар и други спорстки и здравствени содржини, но сега тоа е доста запуштено.